Нов земјотрес во Драч попладнево, повторно ги вознемири македонските граѓани
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес, на 27.11.2019 регистрирше земјотрес, чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, од подрачјето на Драч на растојание 170 km југозападно од Скопје.
Најсилен до сега од оваа серија е земјотресот во 15 часот и 45 минути со локална Рихтерова магнитуда 5.3 и беше почувствуван на целата територија на Републиката.
Според досегашните податоци земјотресот е почувствуван со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала во западните делови на Републиката (Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово), III-IV степени во Скопје, Кичево, Битола,Ресен според истата.
Ново на Сител
-
Делегација од германскиот Бундестаг во посета на Собранието
-
Идентификуван напаѓачот на Трамп, инцидентот се истражува како „обид за убиство“
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со сончеви периоди
-
Изгоре помошна просторија на куќа во Струмица
-
Лука Салватори го загуби животот на трка во Германија
-
Грчка компанија го укинува летот Скопје-Сараево од 29 ноември
-
Осум мигранти загинаа во обид да го преминат Ла Манш