Нов Зеланд целосно ги отвора своите граници на 31 јули
– Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн рече дека земјата целосно ќе ги отвори своите меѓународни граници на 31 јули, а од тој ден можат да пристигнуваат и крстосувачите во локалните пристаништа.
Нов Зеланд ги затвори своите граници во март 2022 година поради пандемијата на коронавирус.
Целосното отворање на границата кон крајот на јули доаѓа неколку месеци порано од претходната владина временска рамка и значи дека сите патници на кои им е потребна виза, вклучувајќи туристи, работници, семејства и студенти, ќе можат да влезат во земјата.
Ардерн во говорот на деловен ручек во Окленд рече дека отворањето на границите ќе помогне да се намали недостигот на квалификувани работници и да се отвори туризмот.
„Ние се надоврзуваме на нашиот докажан план да ја обезбедиме економската иднина на Нов Зеланд“, рече таа.
Ново на Сител
-

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД
-

Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили
-

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана
-

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација
-

Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
