Нов здравствен биланс за ситуацијата со коронавирусот во Франција: 178 смртни случаи за 24 часа
![]()
Министерството за здравство го презентираше најновиот биланс во однос на епидемијата на новиот коронавирус во Франција, според кој, во последните 24 часа, починале 178 лица, односно сто помалку во споредба со претходниот ден.
Од први март, кога започнаа да се соопштуваат бројките на смртните случаи од Ковид-19, починале вкупно 25 987 лица од коронавирусот. Од овој број 16 386 смртни случаи се регистрирани во болниците и 9 601 во социјалните и медицинско-социјални установи (домови за нега на стари и изнемоштени лица).
До вечерва, 23 208 лица се уште се хоспитализирани, а 2961 пациенти се уште се на интензивна нега (186 помалку од претходниот ден). Од почетокот на епидемијата, болничко лекување им било потребно на 95 210 лица, а 55027 лица се вратиле дома, како излекувани.
Вкупно во Франција има 137.779 потврдени случаи на „Ковид-19“.
Четири региони, парискиот, централниот, северниот и северо-источниот се најпогодени од вирусот, и заедно претставуваат 72 отсто од хоспитализираните случаи.
Ново на Сител
-

19-годишник уапсен за убиство кај Сарај, татко му го пријавил во полиција
-

Авион на Квантас бил пренасочен откако патник каснал член на екипажот
-

Македонските ракометари по заверка на пласманот за Светското првенство
-

СЗО прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола во ДР Конго и во Уганда
-

Најмалку тројца загинати при напади со дронови врз Москва и околината
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словенија
-

Мицкоски на пуштање во употреба на нов градски пазар во Општина Виница
-

Во Виена приведени 14 луѓе поради учество во пропалестински протест
