Нов Владика на МПЦ-ОА е Епископот Полјански Јаков
Во манастирската црква „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица вечерва се одржа наречение на новоизбраниот Епископ Полјански г. Јаков.
Радосната вест пред верниците ја соопшти Светиот археирејски синод на чело со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, со што одлуката беше потврдена пред црквата и народот.
Со одржување на наречението и воведувањето на новиот владика за нов член на Светиот синод и заедничко причестување со вино и леб, новиот владика седна на заедничка маса со другите браќа.
Пред голем број верници одлуката на Светиот синод за наречение на новоизбраниот Епископ Полјански Јаков, ја прочита поглаварот Стефан, а заедно со останатите владици ја водеше церемонијата на наречението на новиот Епископ на Светиот синод на МПЦ-ОА.
Епископот Полјански Јаков е досегашен старешина во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј“, во Ново Село,Струмичко и тој новиот, тринаесетти, владика во Синодот.
Тој сега ја носи титулата Епископ Полјански и во иднина ќе биде викарен епископ на Митрополитот струмички господин Наум.
Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА е донесена на 29 септември оваа година, а чинот на хиротонија или ракополагањето ќе се случи утре на соборот на епископите, кој ќе се одржи во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и Свети Леонтиј во Водоча“. Тука поглаварот на МПЦ г.г. Стефан заедно со членовите на синодот ќе отслужи и Божествена литургија на која ќе се изврши хиротонијата на новоизбраниот епископ Полјански Јаков.
Новиот владика е роден на 23 ноември 1983 година во Куманово. Во 2004 доаѓа во Струмица како искушеник, а следната година се замонашил. Дипломирал на теолошкиот факултет во Скопје оваа година. Цели осум години е старешина на манастирското братство во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј“, во Ново Село.
Ново на Сител
-
Кремљ соопшти дека во оваа фаза не е планирана средба меѓу Трамп и Путин во Саудиска Арабија.
-
Државна матура ќе се полага во училиштата кои имаат просторни услови, за сите други тестирањето ќе биде на факултетите
-
Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција
-
Роднина со пиштол под закана го држел во заложништво барајќи да го вработи и да му препише возило
-
Палчо бил мемориран како „Царот“ во телефон на Кешишев
-
Во Брисел утре состанок на министрите за надворешни работи на НАТО
-
Се изготвува новиот Закон за пожарникарска служба, по што ќе бидат зајакнати капацитетите на пожарникарските служби, најави Мицкоски
-
Директорот на БЈБ при МВР Јанев ја отвори работилницата на Интерпол која денеска и утре се одржува во Скопје