Нов ураган им се заканува на САД

Американскиот Национален центар за урагани предупреди дека овој викенд заливскиот брег на САД би можел да биде погоден од нов ураган.
Доколку се случи тоа, како што се наведува, загрозени ќе бидат Алабама и Талахаси, главниот град на Флорида.
Неколку недели откако смртоносни урагани погодија и уништија делови на САД, метеоролозите предупредуваат дека во текот на викендот американското крајбрежје би можело да биде погодено од нов ураган.
Новата тропска бура се наоѓа на околу 72 километри од карипскиот остров Сан Андреас.
Неодамна ураганот Харви го погоди Тексас, предизвикувајќи поплави кои биле на ниво на ураганот Сенди од 2012 година. Веднаш потоа следеше една од најсилните бури во Атлантскиот Океан, ураганот Ирма кој уништи неколку карипски острови пред да ја зафати Флорида. Подоцна ураганот Марија го погоди американскиот дел на островот Порторико, чии власти резултатите од ударот ги оценија „слични на геноцид“. Речиси половина од Порторико повеќе од една недела беше без електрична енергија, а голем број луѓе останаа без храна и вода.
Ново на Сител
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
