-->
-->
Нов „трипл-дабл’’ на Расел Вестбрук
-->

Новата блескава партија на Расел Вестбрук, кој се наметнува како еден од најсериозните кандидати за признанието „МВП“ во најквалитетната светска кошаркараска лига НБА.
Вестбрук синоќа одново ја предводеше својата екипа Оклахома до победа и тоа на гости против Бостон со 117:112. Вестбрук средбата ја заврши со нов „трипл-дабл“ учинок од 42 поени, 10 скокови и 7 асистенции.
Победи забележаа и минатогодишните финалисти. Шампион Кливленд на домашен терен го победи Бруклин со 119:99, додека Голден Стејт предводен од Кевин Дурант со 32 поени победи на гостувањето против Детриот со 119:113.
На останатите натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата беа постигнати овие резултати:
Шарлот – Чикаго 103:91
Орландо – ЛА Лејкерс 109:90
Кливленд – Бруклин 119:99
Детроит – Голден Стејт 113:119
Мемфис – Вашингтон 123:96
Минесота – Сакраменто 105:109
Њуорленс – Мајами 91:87
Феникс – Филаделфија 123:116
Јута – Торонто 98:104
Портланд – Сан Антонио 90:110
Ла Клиперс – Далас 88:90
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
