Македонија
26. October 2016 - 8:06

Нов температурен шок: Најава за невреме во Македонија

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер, претпладне од југоисточен, а попладне од северен правец. Попладне и преку ноќта ќе има слаби локални врнежи од дожд повеќе во северните и источните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од  15 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне и преку ноќта ќе има појава на слаб локален дожд.

Температурата ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Од петок попладне следува период на стабилно, суво и постудено време.

Ново на Сител