Нов состанок на комисијата за медиуми за избор на петтиот член
Членовите на Привремената комисија за следење на медиумското претставување денеска на пладне ќе продолжат со средбите чија цел е да се постигне консензус за избор на петтиот член на ова тело кое, преку Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги треба да носи заклучоци за известувањето во медиумите.
Комисијата се формира согласно политичкиот договор од јули и нејзините одлуки треба да се спроведуваат од страна на Агенцијата, која согласно законот треба да го набљудува известувањето на телевизиите и радио станиците 100 дена пред изборите. Советот на Агенцијата реши дека притоа нема да може да ја спроведува законската обврска да го следи известувањето на интернет порталите.
Четворица членови на Комисијата беа предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а петтиот член треба да биде етнички Албанец.
Ново на Сител
-
Сончево со јужен ветер
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат