Македонија
7. July 2016 - 15:05

Нов софтвер за подобрување на електронскиот картон на пациентите на Клиниката за дерматовенерологија

Програмата за иновации на „Проект ХОПЕ“ за подобрување на електронскиот картон на пациентите го предаде на користење новиот електронски софтвер и опрема на универзитетската Клиника за дерматовенерологија во Скопје.

Опремата, како што се наведува во соопштението на „Проект ХОПЕ“, има за цел преку користење на достапните технологии да го скрати времето потребно за собирање на податоци од пациентите, да ја подобри заштитата на личните податоци на пациентите и на квалитетот на собраните податоци за пациентите на универзитетската Клиника за дерматовенерологија во Скопје.

Проект е спроведен во последните дванаесет месеци во блиска соработка на „Проект ХОПЕ“ со Клиниката, директор Небојша Пешиќ и неговиот тим.

Програмата обезбедува платформа за собирање на податоци за пациентите при приемот во болница и овозможува собирање на фотографии, аудио снимки, директна комуникација помеѓу медицински персонал и конечно складирање на историјата на болести на пациентот.

Софтверот е надополнување на веќепостоечкиот систем во рамките на болницата благодарение на поддршката и помошта на Министерството за здравство на Република Македонија и тимот на секторот за информатичка и комуникациска технологија. Проектот е финансиски поддржан од долгогодишниот партнер на „Проект ХОПЕ“ „Eli Lilly“, како дел од нивната програма,  Глобален предизвик за иновации за 2015 година.