Нов случај со Ковид-19 во гостиварско
Со последните тестирања за откривање на новоинфицирани со коронавирусот во гостиварскиот регион, потврден е нов случај. Позитивен резултат на Ковид-19 имал жител на селото Неготино Полошко, општина Врапчиште. За денеска околу пладне е закажан вонреден состанок на Кризниот штаб на кој ќе се разгледа актуелната состојба и се очекува да бидат донесени заклучоци со препораги за граѓаните.
Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, до денеска има 12 активни случаи од кои седум во гостиварската општина, пет во Врапчиште и ниту еден во Маврово и Ростуше.
Петмина се лекуваат во болнички услови, а останатите кои се без симптоми се дома. Епидемилозите издале решенија и препорачале самоизолација на дваесетина лица. Тоа се главно лица кои имале контакти со брачниот пар од селото Чегране, каде се регистирирани вкупно пет лица.
Во меѓувреме се прават анкети и тестирања, а спроведена е и дезинфекција на објектот на ЈП Комуналец, според епидемиолошките протоколи.
Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се 404 тестирања, а кај 30 случаи имаше позитивни резултати. Од последици од Ковид-19 во гостиварско починаа три лица.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар