Нов случај на Конго-кримска хеморагична треска - Не е поврзан со претходниот
Велешанец на возраст од 42 години е третиот пациент кој заболел од Конго-кримска хеморагична треска, потврдуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Оттаму велат дека во моментов, пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и е во стабилна општа состојба.
„Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес, трансфериран на Клиниката од општа болница Велес, истиот ден. Почетокот на симптомите на покачена температура до 38 степени, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред преглед во општата болница во Велес. Веднаш е известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи“, наведено е во информацијата од ИЈЗ.
Ново на Сител
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово
-
Не евидентирани лица од други општини сакаат да добијат бесплатен кров над глава во Штип
-
Расте бројот на ученици во стручното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка