Живот
8. јуни 2016 - 16:03

Нов рекорд: 4 месеци мртва мајка родила здрав син!

Мајката на ова бебе доживеа тешка повреда на мозокот и клинички е прогласена за мртва. Сепак, благодарност на современата медицина, нејзиното тело е поврзано на апарати за одржување во живот па со тоа успешно да доносе бременоста до крај.

Несреќната жена во првото тромесечие од бременоста доживеала излив на крвта во мозокот, по што е прогласена за мртва. Бидејќи семејството не сакаше да се откаже од бебето во нејзиниот стомак, лекарите се бореа бебето да преживее.

Детето на овој свет дошло со царски рез, во седмиот месец.

- Бебето е тешко 2.35 килограми а родено е во 32 недела. Со обзир дека во стомакот на мајката со детето се било во ред, немаше причина во договор со семејството да не ја почекаме бременоста до крај, пишува во соопштението од болницата во Лисабон.

За сега нема никакви информации за тоа што се случува со мајката на ова дете, одностно дали семејството донело одлука да ја тргнат од апаратите кои вештачки ја оддржуваат во живот.