Loading Video...
Фудбал
20. October 2018 - 16:50

Нов пораз на Реал сега од Леванте

Реал Мадрид продолжува со очајните игри во шпанската Ла Лига. „Кралевите“ попладнево пред својата публика на „Сантијаго Бернабеу“ загубија од Леванте со 1:2. 

Гостите изнанеадувањето го најавија по само 13-минути игра кога со головите на  Моралес и Марти од пенал, поведоа со 2:0

Во продолжение домаќините тргнаа на се или ништо, но по неколкуте погодени стативи, двата поништени гола поради офсајд, голот на Марсело во 72.минута беше премалку за Реал да го избегне третиот пораз сезонава, по кој останува на 5.место на табелата со 14 бодови во исчекување на останатите резултати од оваа деветта рунда. 

Следната недела Реал го очекува гостува „Ел Класико“ и тоа на гости кај Барселона.