Македонија
3. February 2018 - 11:57

Нов напад од куче - скопјанка итно пренесена во болница

Нов напад од куче во Скопје. Спроед информациите на МВР, Д.Љ.(57) вчера во 14:45 часот во полициската станица Ѓорче Петров пријавила дека дента околу 8:10 часот додека се движела по улицата „Лука Геров“ во задниот дел од левата подколеница ја каснало куче скитник. По настанот од страна на нејзиниот син била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.