Нов линеарен акцелератор во болницата „8 Септември“

Во Градската општа болница „8 Септември“ се финализира инсталацијата на нов линеарен акцелератор за малигни заболувања. Како што информира Министерството за здравство, станува збор за врвна технологија за третман на малигните заболувања.
Според Министерството, апаратот е од еден од водечките светски производители и претставува најдобра платформа достапна на пазарот во оваа област.
-Пред инсталацијата на апаратот, изграден е комплетно нов бункер за што се обезбедени 58 милиони денари од буџетот на Министерството, соопштуваат од Министерството за здравство.

Како што појаснуваат во соопштението, линеарниот акцелератор овозможува максимална прецизност во планирање и изведување третмани, имајќи предвид дека насочувањето на третманскиот зрак се врши со рубини, додека кај сите останати апарати се врши со огледала.
Ново на Сител
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
