Нов израелски напад на северот од Газа: Загинаa 84 Палестинци, меѓу кои 50 деца
Најмалку 84 Палестинци, од кои повеќе од 50 деца, загинаа во два масакра насочени кон палестински домови на северот од Газа, каде што израелската војска држи опсада веќе еден месец, јави Анадолија.
Владината канцеларија за медиуми во Газа соопшти дека израелската војска ги бомбардирала зградите на семејствата Шелајил и Ал-Гандур, каде што биле сместени 170 цивили.
„Во двата масакра извршени од окупаторската израелска војска животите ги загубија 84 лица, од кои повеќе од 50 деца, а десетици се исчезнати и повредени под урнатините“, се наведува во соопштението.
Во соопштението се истакнува дека „Израел изврши геноцид во Газа“ и дека се гаѓани згради каде што биле засолнети цивили и раселени Палестинци.
Се потсетува дека тимовите за медицинска и цивилна заштита не можеле да ги исполнат своите задачи, бидејќи се мета на северот на Газа, каде израелската армија спроведува цврста опсада околу еден месец.
Во соопштението се наведува дека израелската армија го срушила здравствениот систем во северниот дел на Газа и ги таргетирала болниците и ги ставила надвор од функција.
Ново на Сител
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница
-
Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец
-
Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора