-->
-->
Нов државен рекорд на Балабан
-->
Македонската репрезентативка во стрелаштво, охриѓанката Нина Балабан имаше извондрен настап на меѓународниот Гран При турнир во главниот град на Србија, Белград. Балабан во дисциплината воздушна пушка на 10 метри, во квалификациите два пати го соборуваше сопствениот рекор, кој воедно е и државен, а во финалето го освои бронзениот медал.
Олимпијката Нина Балабан, првиот натпреварувачки ден испука 414.7 кругови и за 3.7 кругови го подобри рекордот остварен во Минхен минатата година и се пласираше на деветтото место.
На вториот натпреварувачки, Балабан повотрно го собори рекордот со испукани 415.8 кругови кој и обезбеди пласман во финалето. Меѓу најдобрите осум стрелци Балабан заврши на третата позиција со 184 кругови, само 2.9 помалку од првопласираната Вукашиновиќ од Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата
-
Токсикологија поплавена, Клиниката два месеци не е осигурана
-
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко не се појави на суд
-
Судскиот Совет ги спроведува препораките на оценската мисија на ЕУ
-
Учениците возбудени за пролетниот распуст