Нов албум на починатиот пејач Принс

Издавачката куќа „Сони“ објави дека следниот албум на Принс – „Welcome 2 America“ ќе излезе на 30 јули, пет години од смртта на познатиот американски музичар.
Албумот од 2010 година е пронајден во студиото на поп-пејачот во Минеаполис, Минесота, САД. Во таа просторија се наоѓаат голем број демо-снимки, недовршени песни и снимки во живо.
Принс почина на 21 април 2016, на 57 години. Вешто ја одржуваше легендата за неговото скриено музичко богатство додека беше жив. Во 2014 година, музичарот рече дека никогаш не им ги давал своите најдобри песни на издавачите.
Американската телевизиска мрежа Си Би Ес имаше пристап до збирка од 12 песни и в недела ќе му посвети емисија за тоа. Во својата најава за новиот албум, „Сони“ ја цитираше изјавата на Принс од 2010 година: „Светот се напнува поради дезинформации. Визијата за иднината на Џорџ Орвел е тука. Ние си должиме на самите себе да останеме цврсти во нашата верба да ги надминеме тешките времиња кои претстојат“.
Покрај албумот, ќе биде објавен и неговиот концерт во Лос Анџелес од 2011 година.
Принс или „детето од Минеаполис“ беше еден од најголемите музичари во 80-те и 90-те години на минатиот век, со хитови како „Cream“ и „Kiss“ во коишто вметнува рифови со гитари со поетски стихови и ритам на фанк. Многумина сметаат дека неговиот најголем хит е „Purple Rain“. Тој е автор на стотици песни и добитник на шест музички Греми награди и еден Златен глобус, како и престижниот Оскар за оригинална песна „Purple Rain“ за филмот „Пурпурен дожд“ од 1985 година.
Ново на Сител
-

АХВ: Уништени над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна
-

Забрана за две правни лица од Велешта да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум
-

Минчев: Да го негуваме македонскиот јазик како трајна вредност и сведоштво на нашиот историски и културен континуитет
-

Започнува регионалниот проект EQUALS за унапредување на бесплатната правна помош
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка - минус три степени, најтопло во Кавадарци седум степени
-

Најмалку 10 убиени и 50 ранети во изралекси напад во источен Либан
-

Втор ден од конференцијата посветена на европската иднина на Западен Балкан во организација на Паневропската Унија на Македонија
-

Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти, по одлуката на Врховниот суд
