Норвешка нема да гласа за домаќини на СП 2030 и 2034
Норвешката фудбалска федерација (НФФ) нема да гласа утре за избор на домаќини на светските првенства во 2030 и 2034 година, истакнувајќи дека изборот не е во согласност со реформите на ФИФА.
ФИФА треба да ги потврди домаќините на светските првенства во 2030 и 2034 година на виртуелен Конгрес.
Светското првенство во 2030 година ќе се игра во Шпанија, Португалија и Мароко, со три натпревари во Уругвај, Парагвај и Аргентина за да се прослават 100 години од првото Светско првенство во Уругвај. Домаќин на Светското првенство 2034 ќе биде Саудиска Арабија.
„Утрешното гласање не е за тоа кој ќе го добие СП во 2030 и 2034 година – тоа е веќе решено. Утрешниот конгрес е првенствено за давање повратни информации за процесот на доделување на организацијата. НФФ верува дека процесот не беше во согласност со принципите на отчетност, транспарентност и објективност усвоени во реформите на ФИФА во 2016 година“, изјави првиот човек на норвешкиот фудбал Лизе Клавенес.
„НФФ не може да даде акламација по процесот кој не беше во согласност со здрав и предвидлив систем управуван од правила. Воздржувањето од гласањето е намерен сигнал дека не можеме да го поддржиме пристапот на ФИФА“, додаде Клавенес.
Ново на Сител
-
И граѓаните на БиХ ќе ги бојкотираат продавниците
-
АМСМ: Намалена видливост поради магла кај Д.Капија, Петровец – Велес, Битола и Прилеп
-
Без струја утре делови од Аеродром, Бутел и Карпош
-
Детектор анкета: Американската црна листа поттикнува истраги во Македонија
-
МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Струмица, стапуваат во сила мерки и препораки
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека