Ракомет
4. May 2017 - 10:37

Норвешка и „врати“ на Франција

Во „репризата“ на финалето од Светското првенство ракометната селекција на Норвешка го совлада светскиот првак Франција со 35:30. Ова беше и најинтересниот дуел од 3.коло од квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018. Покрај овој натпревар синоќа се одиграа уште седум дуели, а вечерва на програмата се шест дуели. Македонија го пречекува Исланд, а последниот дуел на овие две селекции одигран на СП во Мец заврши нерешено 27:27.
Распоред и резултати на дуелите од 3.коло по групи.
Група 1: Летонија – Холандија 27:29  и Унгарија – Данска (играат вечерва).
Табела: Данска 4, Унгарија 4, Холандија 2, Летонија 0.
Група 2: Белрусија – Полска и Романија – Србија (играат вечерва).
Табела: Романија 4, Белорусија 2, Србија 2, Полска 0.
Група 3: Австрија – Шпанија 29:30  и Финска – Босна и Херцеговина (играат вечерва).
Табела: Шпанија 6, Австрија 2, Финска 2, Босна и Херцеговина 0.
Група 4: Украина – Чешка 26:23 и Македонија – Исланд (вечерва почеток 20 часот).
Табела: Украина 4,Чешка 2, Македонија 2, Исланд 2. 
Група 5: Словениа – Германија 23:32 и Швајцарија – Португалија (играат вечерва).
Табела: Германија 6, Словенија 3, Португалија 1, Швајцарија 0.
Група 6: Русија – Шведска 21:29 и Словачка – Црна Гора 27:27.
Табела: Шведска 6, Русија 2, Словачка 2, Црна Гора 2.
Група 7: Норвешка – Франција 35:30 и Белгија – Литванија 29:33.
Табела: Франција 4, Норвешка 4, Литванија 4, Белгија 0.
Натпреварите од 4.коло ќе се играат во деновите на викендот (6 и 7.мај).