Нормализиран сообраќајот на патот Македонски Брод - Скопје кај Јасен

Регионалниот пат Македонски Брод - Скопје (кај Јасен) е пуштен за сообраќај во 17 часот, соопшти вечерва АМСМ.
Сообраќајот на овој пат беше во прекин денеска од 08.40 часот поради одрон.
АМСМ претходно соопшти дека поради одрон, сообраќајот на регионалниот пат Маврово-Дебар, кај село Врбјани, од 16:40 часот се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
МИА
Ново на Сител
-

Грчките земјоделци и денеска ќе ги блокираат граничните премини Евзони и Ники
-

Уште десет дена за аплицирање за студентски ваучери за ИТ уреди
-

Најстудено утрово во Берово и Битола -4 степени
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Презентација на софтвер за дигитално поврзување на Управниот суд со јавните органи и Вишиот управен суд
-

Трамп: Член на Националната гарда покажува знаци на закрепнување по пукањето
-

ЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90 проценти до 2040 година
-

Папата Лав: Европа мора да има централна улога во завршувањето на војната во Украина
