MENI

Жителите на Брвеница во недела ќе гласаат за нов градоначалник: Во трката се шест кандидати

Брвеница во недела избира нов градоначалник. Во трка се шест кандидати, кои најавија различни проекти за подобрување на животот на граѓаните.

Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ ветува инвестиции во локалните патишта, водоводната и канализациската мрежа, како и поддршка за младите и локалните бизниси. Јовица Радевски од СДСМ се залага за подобро водоснабдување, изградба на канализација, подобрување на училиштата и почиста животна средина.

Pages