Преку спорни тендери и лажни фактури, поранешното раководство на Управата за хидрометоролошки работи, на две фирми од Скопје и Битола во 2023 година, им донело незаконски приход од скоро половина милион евра. Според полицијата, клучна улога во случајот имал екс в.д директорот на УХМР, Ивица Тодоровски, а како соизвршители се уште седуммина вработени во Управата – за сите се поднесени кривични пријави за злоупотреба на положбата.