По 1000 боцкања во ден, прво кај постарите од 65 години сместени во институции, потоа ризичните групи според приоритет...На овој начин здравствените власти планираат да ја стртуваат имунизацијата против сезонски грип најверојатно во среда и со ова темпо да бидат до средината на ноември кога треба да стигне втората пратка на вакцини. Само за два дена на вакцинација.мк има над 38 000 пријавени граѓани што е повеќе од првично стигнатите 30 000 дози кои Министерството за здравство ги обезбедени преку заем во рамки на меѓународната соработка со УНИЦЕФ и Албанија.