-->
-->
Српскиот Ханибал се брани со молчење: Го заклал цимерот со жилет, па му ги изел ушите
-->

Кон крајот на минатата година Србија и регионот останаа во шок кога Марко Јовановиќ (27) на монструозен начин го уби својот цимер во затвор во „Падинска скела“.
За потсетување, Марко Јовановиќ (27) му го пресече вратот на цимерот Рамиз Шариќ (34), а потоа му ги изеде ушите. Со неговата крв пишувал по ѕидовите, па набрзо беше наречен српски Ханибал Лектор.
Обдукцијата покажа дека Јовановиќ најпрво го онесвестил несреќниот Рамиз, а потоа му го пресекол вратот.
- Кога видел дека Шариќ е мртов, Jовановиќ најверојатно од досада почнал да му ги јаде ушите. По ѕидовите од ќелијата пишувал знаци со крвта на убиениот, - вели изворот на српски „Ало“.
Марко ниту по шест месеци не сака да каже зошто го направил тоа. Инаку, Јовановиќ е осуден на максимална затворска казна поради двојно убиство - на девојка и на сосед. Добил максимална казна, поточно 40 години.
- Претпоставуваме дека нема потреба да се правда, затоа што веќе доби максимална казна од 40 години, - вели изворот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
