Американски дипломати ги предупредија косовските партии да внимаваат кого ставаат на изборните листи (КРГ)

Американски дипломати ги предупредија косовските политички партии да внимаваат кого вклучуваат во листите за претстојните предвремени парламентарни избори, истекнувајќи дека таму не треба да се наоѓаат лица кои се предмет на обвинувања или казни, пишува денеска приштинскиот весник „Коха диторе", пренесува Танјуг.
Портпаролката на американската амбасада во Приштина Мишел Мајкл Шон изјави за весникот дека се надева оти на листите нема да бидат луѓе „обележани" од корупција.
- Како што рече американскиот амбасадор Грег Делави во интервју минатата недела, многу е важно сите политички партии да изберат луѓе кои ќе ги инспирираат младите луѓе и чии приоритети се интересите на Косово и косовскиот народ, истакна Шон.
Косовскиот претседател Хашим Тачи ги закажа изборите за 11 јуни, откако парламентот изгласа недоверба на владата на Иса Мустафа. Гласањето недоверба беше поддржано и од пратениците на Демократската партија на Косово, коалициски партнер на Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа.
Ново на Сител
-

УХМР: Викендов постудено - дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините
-

Почнува европската воена мисија на Гренланд
-

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судски совет бидејќи има нов Закон
-

Министерот Муцунски и раководството на МАСИТ со заеднички активности за стимулирање на извозот и нови инвестиции
-

Бебе починало во болницата во Кавадарци
-

Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки
-

Лишено од слобода лице од валандовско, управувал возило под дејство на алкохол
-

Прва медицинска евакуација од Вселената
