-->
-->
Иџе напаѓа на Хунгароринг!
-->

По моќта на патеката во Монца, во недела на 14 мај, најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе со големи очекувања. Посакува да се искачи на подиумот на Хунгароринг.
По одличниот старт на 30ти април на патеката во Монца, каде на двете трки го освои четвртото и петтото место, екипата на Иџе пристигна во Унгарија со една цел, да ја освои патеката Хунгароринг крај Будимпешта. Стефановски ќе се обиде да им пркоси на Фулин, Шрејбер и Рикли.
„Во тимот владее добра атмосфера. Не успеавме да тренираме, но ќе се обидеме да се подготвиме најдобро што може“- изјави оптимистички Стефановски. „Се подготвуваме за тренингот утре, на кој очекуваме да покажеме конечно кои сме и што сме. Очекуваме подобри резултати. Верувам дека ќе имам можност со добро возење да се искачам на подиумот “ додава шампионот амбициозно.
Преносот и на втората трка на ФИА ЕТЦЦ 2017, ќе може да се следи директно на националниот сервис, во недела во 9 часот. Според правилата, автомобилите на Хонда, кои беа полесни за 60 килограми споредбено со Сеат автомобилите во Монца, на Хунгароринг ќе бидат потешки. Ова би значело дека ќе биде намалена нивната предност во однос на Стефановски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
