Емануел Макрон е новиот претседател на Франција

Центристот Емануел Макрон е избран за нов претседател на Франција, откако според првите проекции на изборните резултати од денешниот втор круг од претседателските избори, тој добил 62,5 отсто од гласовите, јави дописникот на МИА од Париз.
Марин Ле Пен од екстремно десниот Националниот Фронт освоила 34,9 отстo од гласовите, што претставува многу подобар резултат од тој на нејзиниот татко Жан Мари Ле Пен на изборите во 2002 година, кога како противкаондидат на Жак Ширак освои само 17,79 проценти од гласовите.
Излезеноста на гласачките места на денешното гласање, според првите проценки, е 74,7 отсто, што е помалку во споредба со 2012 година кога во вториот круг гласаа 80,35 проценти од гласачите.
Ова е рекордно ниско учество на едни претседателски избори во Франција од 1969 година.
Се претпоставува дека бројот на неважечки и празни ливчиња е исто така голем, што само сведочи за отфрлањето на двајцата кандидати од добар дел од француските гласачи.
Триест и деветгодишниот Макрон со денешнити избори станува најмладиот претседател на Франција, осми по ред шеф на Петтата Француска Република.
Ова се први претседателски избори што се одржуваа во услови на вонредна состојба поради терористичките напади од 13 ноември 2015 година и на нив првпат во вториот круг не се најде ниту еден кандидат од двете водечки политички партии - социјалистите и републиканците, кои се менуваа на власт во Франција во последниве триесет години.
Ново на Сител
-

Охриѓанец починал откако проготал опаковка со дрога за да не го фати полиција
-

Почина пејачката Бони Тајлер
-

Апел за помош за Ристо Живковиќ, татко на три деца: Потребни се 90.000 евра за операција на тумор на мозокот
-

По 19 години, нова уредба за квалитет, само горивата што ги исполнуваат стандардите ќе може да се пласираат на пазарот
-

Уркиза: Македонија е важен партнер на Интерпол во борбата против организираниот криминал
-

Трамп: Иран контактираше со нас, очајнички сакаат да постигнат договор
-

МФ: Нови правила за подарувања со Законот за игри на среќа - задолжителна дозвола и утврдени услови за организирање
-

Западна Европа го имаше најтоплиот јуни во историјата на мерењата
