МОБ ќе ги одбележи Европските оперски денови
Првпат низ Европа во времетрање од една недела ќе се прослават Европските оперски денови. Над 70 оперски институции од 18 држави, меѓу кои и Македонија, од денеска до 14 мај ќе ги отворат своите врати за публиката нудејќи им содржини посветени и инспирирани од операта.
Македонската опера и балет со премиерата на детската оперета „Пролетна приказна“ од Стојан Стојков ќе ги прослави Европските оперски денови 2017. Премиерата е предвидена за 20 мај од 12 часот на малата сцена на МОБ. Режијата е на Трајко Јордановски и Теа Богатиновска, диригент на детскиот хор „Фалсето“. Публиката ќе има можност оваа претстава да ја погледне на 20 и 21 мај од 12 часот на малата сцена на МОБ.
„Пролетна приказна“ го отсликува будењето на пролетта и природата. Музичкиот израз на делото кореспондира со естетските и технички елементи прилагодени на возраста на децата од предучилишна и училишна возраст, а хармонските елементи во него се едноставни, со јасна тонална подлога.
Делото ги содржи сите формални елементи на жанрот опера: хор, солисти, дуети, балет и инструментална подлога, а во него авторот внесува и наратори кои ја водат приказната преку рецитативната форма.
- Повеќе од евидентна е потребата за создавање музичко-сценско дело за деца. Ваквата форма е дефицитарна не само кај нас туку и на интернационално ниво. Тргнувајќи од овој факт, јас се согласив да го создадам оваа музичко-сценско дело, кое се надевам ќе предизвика интерес кај нашата најмлада музичка публика, изјави диригентот Теа Богатиновска.
Детскиот хор „Фалсето“ при Македонската опера и балет е формиран во 2016 година и брои 40 членови на возраст од 9 до 15 години. Основна идеја и цел на ансамблот е воведување на децата во светот на класичната музика и запознавање со оперскиот репертоар, совладување на хорската техника и стекнување хорска култура. Главна активност на малите хористи е учеството во оперските претстави на големата сцена каде тие добиваат можност да настапат рамо до рамо со реномирани уметници.
Европските оперски денови се посветени на прославување на операта и нудат можност да се посетат оперските институции. Тоа е иницијатива на Opera Europa, европска организација за професионални оперски компании и фестивали и RESEO, Европска мрежа за оперско-балетска едукација. Соработката помеѓу МОБ и Opera Europa почна во 2008 година.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова ги прифати оставките на Комисијата за помилување
-
Бајден се надева дека последните израелски напади врз Иран ќе бидат „крај“ на директната размена на оган меѓу двете земји
-
Колективна оставка на Комисијата за помилување
-
Најмалку 81 лице го загуби животот во бурата „Трами“ на Филипините
-
Момче пријавило напад и повреда со остар предмет во Карпош, приведен малолетник
-
Пронајдена дрога во Битола, приведени две лица
-
Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети
-
Приведен криумчар на мигранти во близина на селото Богородица