Стагнира бројот на мигранти кои преку Македонија транзитираат кон ЕУ

Неколку дена по ред стагнира бројот на мигрантите кои преку Македонија транзитираат кон земјите членки на Европската унија. Според проценките на сите чинители вклучени во справувањето со бегалската криза тој број се движи од 2.500 до 3.000 луѓе дневно.
Од граничниот камен 59 тие и понатаму пристигнуваат во прифатниот камп во Гевгелија, но во помали групи од по стотина луѓе. Во споредба со последните денови од изминатава недела, нивниот број во кампот и денеска е незначителен.
Според информации од железничка станица во Гевгелија утрово кон Табановце заминал само еден воз со околу 600 мигранти, а во станицата се очекуваат да пристигнат уште две подготвени гарнитури возови кои во текот на денот ќе ги превезуваат мигрантите кон северната граница. Железничарите соопштгија дека во текот на вчерашниот ден од Гевгелија до Табановце биле префрлени повеќе од 2.000 мигранти, чиј што број пак според проценките на УНХЦР и Меѓународниот Црвен крст достигнува до 2.500 луѓе.
Автобусите и такси возилата исто така се подготвени за превоз на мигранти кај мостот на Сува река, но и нивниот број очигледно е многу намален.
Претставниците на невладините организации и многуте граѓански здруженија на секој можен начин им помагаат на мигрантите полесно да се евидентираат, да се нахранат и одморат пред да го продолжат патот. Во магацините постојано притигнува хуманитарна помош за мигрантите. Вчера пакети со храна и вода донираа претставниците на Исламската версла заедница (ИВЗ) во Македонија.
Ново на Сител
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 обезбеди финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
-

Најмалку 27 луѓе загинаа при руски напад врз Буча
