Македонија
27. April 2017 - 9:26

Промовирано бугарското издание на „Јавна и културна дипломатија" од Васко Шутаров.

Министерство за култура на Бугарија вчеравечер беше организатор и домаќин на промоцијата на бугарското издание на книгата „Јавна и културна дипломатија" од Васко Шутаров.

Пред многубројни љубители на културата и претставници од дипломатскиот кор, за книгата и авторот зборуваа Марјан Ѓорчев, амбасадор на Република Македонија во Бугарија, Дејана Данаилова од Министерството за култура на Република Бугарија и Пламен Тотев, во име на бугарското книгоиздателството „Изида".

Ова е едно од ретките дела посветени на културната дипломатија, една од поновите и најатрактивни области од дипломатијата, со која преку културни содржини и програми, државите и нивните дипломатии упатуваат пораки за своите системи од вредности, идеи, ставови, претстави, начини и култури на живеење. Меѓу првите и сеопфатни идстражувања во научната мисла на оваа тема се поместени токму во оваа книга, која на македонскиот книжевен пазар се појави во 2014 година.

Авторот на книгата Васко Шутаров е директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, а овој проект беше поддржан и помогнат од македонското Министерство за култура.