Одбележување на Светски ден на планетата Земја

Македонија денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја, којшто има цел да го подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси.
Следејќи го слоганот „мисли глобално – делувај локално“, Ротари клуб од Битола Широк Сокак овој ден го посветува за свртување на вниманието кон пошироката јавност на значењето на почвата за целокупниот живот на Пленетата Земја и опстанокот на човекот.
Тие ќе донираат 500 садници трендафили кои ќе бидат распределени по основните и средните училишта во општина Битола и јавните институции.
Според нив трендафилите имаат улога на прочистувачи на почвата, водата и воздухот од тешки метали. Тие во своите цветови апсорбираат големи количества на олово, цинк и кадмиум, тешки метали кои се исклучително штетни по здравјето на луѓето, особено врз децата. ж
-Трендафилите цветаат 200 дена во годината, а за правилно одгледување потребно е да има доволно сонце, редовно да се полеваат и да се кројат два пати годишно. Ако правилно се одржуваат трендафилите може да живеат и до 30 години, поочуваат од Ротари клубот.
Денот на планетата Земја се одбележува во повеќе од 193 држави. Обединетите нации со низа манифестации ќе се обидат да мобилизираат милиони луѓе да создадат одржлива, здрава природна средина со озеленување на градовите ширум светот. За таа цел, организираат и кампања „Зелени градови“.
Минатата година на Светскиот ден на планетата Земја беше потпишан Парискиот договор за климата. За првпат, Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970 година во САД, а од 1992 година и во целиот свет.
Ново на Сител
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
