Трамп: Атентатот во Париз ќе влијае врз претседателските избори во Франција
Американскиот претседател Доналд Трамп на својот налог на Твитер напиша дека вчерашниот атентат во Париз ќе изврши големо влијание врз претседателските избори во Франција, пренесе ТАСС.
„Уште еден терористички напад во Париз. Народот на Франција нема уште долго да го трпи ова. Тоа ќе изврши големо влијание врз претседателските избори!“, напиша Трамп.
Американскиот претседател не прецизира кој од кандидатите за претседател на Франција, според него, ќе ја зголеми својата поддршка по атентатот.
Синоќа напаѓач од автоматска пушка отвори оган врз полицајци на парискиот булевар „Шанз-Елизе“. Еден полицаец е убиен, а двајца други се ранети. Напаѓачот е застрелан во престрелката што следела.
Францускиот претседател Франсоа Оланд соопшти дека се истражува верзијата за терористички напад.
Во недела се одржува првиот круг од претседателските избори во земјата.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата