Над 220 луѓе повредени во антивладините протести во Венецуела

Најмалку 223 луѓе беа повредени во вчерашните антивладини протести во Венецуела, соопшти опозицискиот Блок за демократско единство.
Според опозициски претставници, во протестите што се одржаа на 19 и 20 април приведени се 585 лица. Но, опозицијата најави продолжување на протестите.
Политичката криза во Венецуела почна кога Врховниот суд ги прошири ингеренциите на претседателот Николас Мадуро и на Парламентот и му забрани за опозиционерот Енрике Каприлес да ја извршува функцијата гувернер на државата Миранда.
Од почетокот на месецот во Венецуела се одржуваат масовни протести, кои често преминуваат во судири со полицијата и нереди.
Владите на девет јужноамерикански држави (Аргентина, Бразил, Колумбија, Коста Рика, Мексико, Парагвај, Перу, Уругвај и Чиле) ги осудија судирите меѓу демонстрантите и полицијата и апелираа до венецуелските власти да преземат мерки за прекин на насилството.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Брисел деновиве ќе соопшти дека од последни во регионот, сега сме рамо до рамо со Црна Гора
-

Зеленски бара објаснување за рускиот предлог за прекин на огнот
-

Доделени годишните новинарски награди на СЕММ, посебно признание и за Сител
-

Иран веројатно нема да направи значајни отстапки кон САД во следниот предлог
-

Обвинителството тврди дека има пропусти и имотна корист, одбраната негира вина на тројцата полицајци од Кочани, пресудата закажана за 5 мај
-

Сирски нареди задолжителна ротација на украинските војници на првата линија на одбраната
-

Во март Србија ја посетиле најмногу туристи од Русија и од Северна Македонија
-

Во средно училиште во Тетово нападнати две лица со остар предмет од 15-годишник
