Се реализираат повеќе инфраструктурни проекти во Пехчево

Заврши изградбата на тротоарот на најфреквентната улица во Пехчево со што се подобри урбаниот изглед на овој дел од Пехчево, но и се зголеми безбедноста на сообраќајот. Градоначалникот Игор Поповски, истакна дека проект е вреден 2,4 милиони денари, а улицата „Истра“ на која се изгради овој тротоар е најфреквентна улица во градот.
- Вкупната должина на тротоарот е 200 метри, но овде имаше потреба да се изградат и потпорни ѕидови, а ќе се гради и соодветна ограда. Овој проект го работевме со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот, бидејќи ова е влезна улица во Пехчево од регионален карактер што бараше само по себе соодветно инфраструктурно решение и очекувам дека и пешаците и возачите ќе бидат задоволни, рече Поповски.
Тој истакна дека пролетната градежна сезона, Пехчево ќе ја започни со инфраструктурни проект во населените места во општината.
- Планираме да изградиме по две улици во селата Робово и Умлена, како и пристапен пат во индустриската зона Грозил. Исто така, ќе работиме и на други инфраструктурни проекти кои им се и најпотребни на жителите, како што се канализациони системи, водоснабдителни системи и случно, рече Поповски.
Во моментов за потребите на фестивалот на дувачки оркестри и другите културни манифестации, Пехчево има објавено тендер за набавка на сцена, осветлување и озвучување, средствата се обезбедени преку ИПА програмата за прекугранична соработка.
Ново на Сител
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
-

,,Комуналец" Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
-

Нова акција за пошумување на „Патриотско друштво“, засадени 1100 садници во Кучково
-

Мицкоски: Имаме стабилни количини на гориво, обезбедивме од ОКТА попуст на горивата за дополнителен период од еден месец
-

Иран: Нема подготвеност за отворање на Ормуската Теснина без траен прекин на огнот
-

Мицкоски: На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали
-

Орбан: Ситуацијата е сериозна, снабдувањето со гас на Унгарија засега не е загрозено, но треба внимателност
-

Иран ја потврди смртта на шефот на разузнавањето на Револуционерната гарда
