ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ покажува дека е во паника

СДСМ со секоја нова прес-конференција покажува во каква паника е нивната партија, откако народот јасно им кажа дека залудно ја прифатиле тиранската платформа и залудно се пазареле со највисоките државни и национални интереси, бидејќи тиранска влада нема да ја води Република Македонија.
Ова го порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишана реакција на денешната прес-конференција на Петре Шилегов од СДСМ на која рече дека новата влада ќе спроведе темелни реформи во судството и во обвинителството и ќе обезбеди независен судски систем и правда за сите, како и дека ќе побараат продолжување намандатот на СЈО.
- Стравот на Петре Шилегов и Зоран Заев дека ќе треба да одлежат долгогодишни казни затвор е оправдан. Залудно ги прифаќаа сите уцени. Залудно молеа да бидат амнестирани за предметот „Пуч“ преку нивната Катица Јанева. Залудно бараа поддршка и молеа за заштита од наркодилери од Арачиново, Тетово и Скопје. Залудно се договараа со мафијата и подземјето да го поддржи СДСМ и криминогеното раководство. Народот се крена и се спротистави на предавничката политика на Заев и компанија, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Република Македонија, се додава, има закони и тие важат подеднакво за сите.
- Заканите кон судовите и судиите нема да му помогнат на Заев колку и да бега од правдата. Ќе си одлежи и за барањето поткуп и за Цареви Кули и за незаконското финансирање на изборите и за Пуч. ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува судиите да не потклекнуваат на притисоците на СДСМ. Помина времето кога тие политички си бираа над 600 судии на собраниска седница и кога единствен критериум беше членската книшка од Бихаќка. Граѓаните не дозволуваат криминалците од СДСМ да ја вратат Македонија назад во црните 90-ти години, се потенцира во реакцијатаод ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Шилегов.
Ново на Сител
-

Трамп во четврток во Давос ќе ја потпише Повелбата на Одборот за мир во Газа
-

Затекнати 15 малолетници, од кои 11 пиеле алкохол на прослава во кумановско Доброшане
-

Четири лица завршиле на болница откако настанал проблем во системот за циркулација на вода на базен во Охрид
-

Приведен водач на навивачка група од Тетово, учествувал во тепачка и оштетил возило
-

Се бара куќен притвор за судијата со заѕидани 350.000 евра
-

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител
-

Поскапуваат горивата од 1,5 до два денари по литар
-

Минималните трошоци на четиричлено семејство во јануари зголемени за 921 денар
