Јапонска донација за пелагонискиот плански регион

Советот за развој на пелагонискиот плански регион со кој претседава градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски, денеска во Битола ја претстави најновата донација од јапонската амбасада за регионот, багер за чистење на речните корита и канали.
Пелагонискиот плански регион е силно издигнат над локалните критериуми и фокусиран на проектите од регионално значење, изјави Стрезовски на прес-конференцијата што се одржа во Битола.
- Посебни успеси постигнавме во руралните општини каде реализацијата на проектите беше многу ефикасна. Во меѓувреме добивме и поддршка од јапонската амбасада која за пелагонискиот регион додели грант од 70.000 евра за набавка на багер за чистење на речните корита и каналите со што ќе се подобри можноста за справување со евентуални поплави во деветте општини од пелагонискиот регион, потврди Стрезовски.
На денешната редовна седница на Советот за развој на пелагонискиот плански регион беа усвоени извештајот на програмата за работа на Центарот за развој на пелагонискиот регион-ЦРППР со седиште во Битола.
- Во моментов ЦРППР има одобрени над 400.000 евра за различни проекти со регионално значење од различни донатори како што се реконструкцијата на зелениот пазар во Демир Хисар, реконструкција на сала за културни настани во општина Долнени и набавка на против пожарно возило во општина Крушево, најави Емилиа Ѓероска, директорка на ЦРППР.
Ново на Сител
-

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на интернет
-

Во текот на денешниот ден се очекува да се повлечат тракторите од граничниот премин Евзони
-

Во Русија веќе постоен лек за лекување хепатитис Б може да се користи и за лекување на ракот
-

Претрес во Штип, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице
-

Од идниот месец во Србија се зголемуваат надоместоците за невработеност
-

Герапетритис: Грција изразува резервираност во однос на Одборот за мир на Трамп и е во консултации со ЕУ
-

Дел до автобусите на ЈСП не сообраќаат до крајните дестинациии во приградските населби
-

Виткоф: Постигнат е голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина
