Хуманитарен концерт во Крива Паланка
Синоќа во националната установа Центар за култура, Крива Паланка се одржа хуманитарен фолклорен концерт на кој настапија фолклорните друштва „8 Октомври“ и „Фолклористи“.
Концертот е во организација на Клубот на млади при општинска организација на Црвен крст, Крива Паланка, а се реализира во рамки на програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ).
- Младите волонтери направија истражувања на терен таргетирајќи повеќе семејства во социјален ризик на кои им е неопходна помош од каков било карактер за да им се овозможи достоинствен живот. Во таа насока е и концертот, на кој на наше огромно задоволство се одзваа фолклорните друштва, за што сме им особено благодарни. Влезот беше со симболична сума од 50 денари, а собрани се околу 4.500 денари кои ќе бидат донирани кај едно од семејствата, информира Давор Петровски, координатор на ПХВ тимот.
Истакна дека претстојат уште низа активности и настани од хуманитарен карактер со кои ќе им се обезбеди помош и на останатите семејства во социјален ризик од општините Крива Паланка и Ранковце, опфатени во оваа програма.
Ново на Сител
-
На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36
-
Јужнокорејско разузнавање: Околу 300 севернокорејски војници загинале во борбите против Украина
-
Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово
-
НИС: Трамп ќе бара средба со Ким за да постигне „мал договор“
-
Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал
-
Седници на три собраниски комисии
-
Милановиќ во победничкиот говор: Ова е признание за мене и мојата работа, но и порака до власта
-
Најмалку 24 загинати во пожарите во Лос Анџелес