Бизнис
27. February 2017 - 20:30

Проект за зајакнување на капацитетот за справување со економскиот криминал

Се засилува борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Европската унија и Советот на Европа ќе реализираат проект за зајакнување на институциите во откривањето економски криминал.

- Борбата против перењето пари и организираниот криминал е од особено значење за вашиот регион. Ова е едно од клучните барања за зачленување во европската унија, вели Јаромир Левичак, Шеф на операции од Делегацијата на ЕУ.

Претставниците на ЕУ велат дека перењето пари и корупцијата се голем проблем за секоја држава и неопходно е институциите да развиваат нови програми за справување со нив.

- Намалувањето на стапката на криминал влијае на одржувањето на стабилен демократски развој како и на зголемување на економските капацитети на земјата кои придонесуваат кон привлекување повеќе инвестиции, вели Кирил Миновски, Министер за финансии  

Од управата за финансиско разузнавање велат дека хармонизацијата на законите според меѓународните стандарди, ќе ги зајакне капацитетите на инстиитуциите во справувањето со случаите на корупција и перење пари.

- Проектот „Борбра против економскиот криминал“ ќе се реализира три години.. За неговата имплементација се предвидени 1 милион и 350 илјади евра а ќе се реализира во неколку државни институции.

МВР, Јавното обвинителство,Управата за финансиско разузнавање, Министерството за финансии се дел од органите вклучени во проектот за справување со корупцијата.