-->
-->
Ф-1: Мерцедес го претстави новиот болид
-->

Екипата на Мерцедес го промовираше болидот за новата сезона кој ја носи ознаката W08.
Прв кој го возеше новиот болид на патеката во Силверстон беше трикратниот светски првак, Луис Хамилтон, кој во новата сезона ќе се обиде да ја освои четвртата титула.
Запрашен за впечатоците Хамилтон рекол дека чувството е „сјајно и неверојатно“, пренесе Би Би Си.
Болидот е правен согласно новите правила во Формула 1, тие оваа година ќе бидат побрзи со „подраматичен“ изглед, а возачите ќе мора да бидат многу поподготвени.
Болидот на Мерцедес е елегантен со потесен заден дел.
Мерцедес е тимот кој доминираше во Формула 1 во последните три сезони, односно во ерата на хибридните турбо мотори. Тимот освои три титули кај возачите и три во конкуренција на конструкторите. Во последните три сезони возачите на Мерцедес победија на 51 од 59-те трки.
Во новата сезона за Мерцедес ќе возат Луис Хамилтон и Валтери Ботас, кој го замени актуелниот светски првак Нико Розберг, кој неочекувано ја заврши кариерата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
