Министерството за одбрана ги подобрува условите за работа
Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска изврши финална обиколка на надградбата на третиот кат на зградата на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ.
Како што соопшти Министерството за одбрана, надградбата на објектот е со површина од 1.390 метри квадратни и има 59 канцеларии и помошни простории.
Изградбата е направена согласно сите прописи на градба за оваа намена, а користени се и материјали за највисока термоенергетска ефикасност со што Министерството се вклучува во глобалниот тренд на заштита на животната средина и енергетската ефикасност. Во рамките на овој проект, со цел уште поголема заштита на енергенси, беа променети и останатите прозорци на целиот објект на Министерството, се наведува во соопштението.
Со надградбата на објектот, како информираат од МО, се унапредуваат работните услови на вработените во Министерството и Генералштабот на АРМ, а воедно и се реализираат и плановите за ослободување и адаптација на простории за потребите на Главниот штаб на Бригадата на Југоисточна Европа, чиј домаќин ќе биде главниот град на Република Македонија, во перидот 2020 – 2026 година.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o