Балкан
16. February 2017 - 13:41

Пронајдено момчето кое на скандалозната снимка сексуално искористува девојче (13)

Тој наскоро ќе наполни 18 години, а таа има 13. И двајцата се од Белград.
 
Како што пишува „Телеграф.рс“, двајцата малолетници од снимката на која се гледа сексуално искористување на девојче од 13 години се идентификувани. Исто така дека едно лице е уапсено, бидејќи го споделило видеото на социјалните мрежи.
 
Полицијата експресно по добиените материјали, ги пронашла актерите на снимката.
 
Најверојатно против момчето кое наскоро ќе наполни 18 години ќе биде покрената кривична пријава, без оглед на тоа што нема примена на сила.