Тинејџерка во Данска обвинета за планирање бомбашки напади

Данското обвинителство соопшти дека покренало обвинение против 16-годишно девојче за планирање бомбашки напади врз две училишта во земјата, пренесоа американските медиуми.
Обвинителката Лизе-Лоте Нилас изјави дека тинејџерката е обвинета за „изведување подготвителни активности за правење бомби“, користејќи рачно изработен екплозивен материјал. Девојчето посочило дека нејзина цел биле училиште во град западно од Копенхаген и еврејско училиште во престолнината.
Полицијата го спречила нејзиниот план, откако ја уапсило на 13 јануари 2016 година.
За случајот закажан е судски процес, што ќе почне на 7 април во градот Холбек, на северозапад од Копенхаген.
Обвинителството го повлекло обвинението за соучесништво, првично покренато против 25-годишен маж. Адвокатот Михаел Јул Ериксен за американските медиуми изјави дека неговиот клиент, кој двапати бил во Сирија, ќе биде ослободен подоцна денеска.
Идентитетот на девојчето и мажот засега остануваат непознати.
Ново на Сител
-

На цистерна со гас, со македонски регистарски таблички, избувнал пожар на патот Елбасан - Пеќин
-

Пренасочување на сообраќајот на делницата Прилеп- Битола по регионалниот пат Р1101
-

На новогодишната ноќ студено со ветер, ќе провејува снег
-

Пронајдени пиротехнички средства, тутун и цигари без документација при претрес во неготинско Војшанци
-

Засилени контроли на АХВ: 60 казни и уништени над 600 килограми небезбедна храна
-

Кривична за сопственикот на „Јужна пруга“, ја отворил и работел иако инспекција ја затворила
-

Превртена цистерна на патот Струга - ГП „Ќафасан“, сообраќајот во прекин
-

Масовна тепачка помеѓу Македонци и Албанци во Италија, уапсени 11 лица
