Путин повика на зајакнување на борбената способност на руските Вооружени сили

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повика на зајакнување на борбената способност на руските Вооружени сили, вклучувајќи го и намалувањето на времето за распоредување на воените единици.
- Значењето на копнените сили, заедно со авијацијата и морнарицата, во воените судири е високо. Нашата задача е да им обезбедиме најдобар хардвер, современа опрема и значајно да ја засилиме нивната борбена способност, рече Путин.
Тој истакна дека мобилноста е еден од главните показатели на ефикасноста на копнените сили во текот на трансферот на војници на големи растојанија и ниванта брза распределба.
- Мораме да го зголемиме времето за такви активности, додаде Путин, пренесе „Спутник интернешенел“.
Рускиот претседател, воедно, изрази надеж дека руските Вооружени сили ќе бидат значително зајакнати со новиот повеќенаменски авион ловец „МиГ-35“.
-Пред се сакам да Ви честитам на овој важен настан, на почетокот на пробните летови на нашиот нов лесен борец „МиГ-35“, рече Путин во текот на видео конференцијата по повод почетокот на тестирањето на овој авион.
Тој додаде дека новиот борбен авион има унапредени карактеристики, како и дека е опремен со најсовремено оружје и е способен за следење од 10 до 30 цели.
- Имам големи надежи дека нашите Вооружени сили ќе бидат значително зајакнати со ова летало, рече Путин.
Ново на Сител
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
-

МЗ: Новото законско решение за медицински средства носи европски стандарди и поефикасни постапки
