Објавена книга басни од Спасе Мазенковски

Издавачката куќа „Бата прес“ ја објави книгата басни „Рѓосани бисери“ од Спасе Мазенковски, писател, новинар и публицист кој живее и твори во Мала Преспа, Албанија.
– Басните се напишани со полно инвенција, мудро соопштени и умно составени. Оваа книга ќе биде интересна и од лингвистички аспект, зашто носи јазички и зборовни новини кои Мазенковски ги црпи од неговиот дијалект како дел од македонскиот литературен јазик, соопшти издавачот.
Писателот Михаил Ренџов во рецензијата за книгата посочува дека Мазенковски е автор на над 120 басни (фабули), користејќи ја лисицата, лавот, јунецот, волкот, овцата и слично, за да соопшти многу моменти од нашиот живот.
- Тие ќе нè насмеат, ќе нè растажат, но и ќе не промислат, ќе чепкаат по нашиот разум за да се задумаме на она што ни се случува, на она што не го забележале нашите очи, а пред нас е, а со нас е и нам – сега ни се случува, пишува Ренџов.
Спасе Мазенковски е роден во село Леска, Мала Преспа и работи во администрацијата на Општината Мала Преспа. Тој е еден од основачите на политичката организација „Друштво Преспа“ во Албанија во 1991 година, а во 1994 година објавувал весник на македонски јазик во Албанија насловен „Преспа“.
На македонски јазик има објавено неколку поетски збирки, книги раскази и репортажи: „Преспа моја“, „Разнобојна китка“, „Торбулето на татко ми“, „Преспанска убавица“, „Лабид и Преспана“.
Ново на Сител
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
-

Рубио: Иран немал противник како Трамп кој е подготвен да преземе конкретни мерки
-

Сиљановска Давкова: Државата јакнее преку националното помирување, да ги надминеме поделбите и да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес
-

МЗ: Состојбата во Гостивар стабилна, нема нови случаи на западнонилска треска
-

Тетово го одбележа Илинден: „2 Август не е само датум, туку завет“
-

Николоски од Крушево: Илинденските идеали ги продолжуваме со работа, инвестиции и развој
