-->
-->
Во Австрија пристигнаа 6.500 бегалци, од нив 2.200 се на пат кон Германија
-->
Од Унгарија во Австрија влегле околу 6.500 бегалци, од кои 2.200 веќе тргнале за Германија, изјави денеска австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер на железничката станица во Виена.
Таа претходно истакна дека полицијата нема да употреби сила за да го спречи приливот на бегалци.
Според неа, повеќето бегалци кои од минатата ноќ пристигнуваат во Австрија од Унгарија сакаат да го продолжат патот, главно во Германија.
Микл-Лајтнер нагласи дека досега само десет бегалци поднеле барање за добивање азил.
Претходно австрискиот канцелар Вернер Фајман соопшти дека поради моментанта вонредна ситуација властите во Австрија и Германија се согласиле да им дозволат на мигрантите да влезат во нивните земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола