Фудбал
29. December 2016 - 17:39

Симеоне останува во Атлерико Мадрид !?

 Директорот на шпанскиот гигант, Атлетико Мадрид, Хил Марин, тврди дека првиот тренер на тимот, Диего Симеоне, ќе остане тренер на тимот и во наредната сезона. 
 
Иако подолго време се шпекулира дека Симеоне ќе го напушти „Винсенте Калдерон“ и дека ќе мине во италијанскиот гигант  Интер, сето тоа денес го демантира директорот на Атлетико, Хил Марин.
 
„Симеоне во овој клуб ќе остани до крајот на оваа и на наредната сезона. Со нас е пет години и логично е да остане уште многу повеќе, бидејќи сме презадоволни од неговата работа. Ќе продолжиме да се развиваме и ние како клуб и тој како менаџер, па најпаметно за двете страни е тоа да го правиме заедно“, изјави Марин за шпанските медиуми.
 
Атлетико по 16 одиграни натпревари ја зазема шеста позиција во Примера, а во првото пролетно коло ќе се соочи со тимот на Лас Палмас, додека кон крајот на февруари и почетокот на март го очекува двомечот против Баер Леверкузен од рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите.