-->
-->
Порибена Крива Река
-->

Во реонот на централното градско подрачје на Крива Паланка на неколку локации извршено е годинашното порибување на Крива Река со 51 килограм автохтона пастрмка.
Порибувањето го изврши спортско-рекреативен клуб „Мрена“, кој стопанисува со концесионерскиот реон „Крива Река 1“.
- Согласно законот и договорот за концесија за организирање спортско-рекреативен риболов, концесионерот „Мрена“ го изврши порибувањето на риболовен ревир „Крива Река 1“ со вкупно 153 килограми риба. во Крива Река денеска беа пуштени 51 килограм автохтона пастрмка со големина од 20 грама, додека пред една седмица 102 килограми крап подмладок со големина од 50 грама беа пуштени во Отошничка брана, изјави Александар Рангелов, претседател на „Мрена“.
Додаде дека порибувањето годинава е поддржано од повеќе донатори.
- Донации за набавка на риба за порибување годинава се обезбедени од „ЕМК-ДООЕЛ“ Мали хидро-електрани, „Хидро-Осогово ДОО“, и Друштво „Мали хидро-електрани МХЕ ДОО“, Скопје кои стопанисуваат со хидроцентралите на Крива Река и локалната самоуправа на општина Крива Паланка, рече Рангелов.
Напомена дека интересот за рибарење расте. Годинава се издадени над 300 дозволи, од кои околу 200 годишни, 65 дневни, 16 седмични и 17 петнаесетдневни.
- „Мрена“ во моментот брои околу 250 активни членови. Согласно програмата за следната година, предвидуваме поголеми контроли од рибочуварската служба за заштита на рибниот фонд во концесионерскиот реон, истакна Рангелов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
