Се срамела од своите раце, но тоа што и го кажала козметичарката и вам ќе ви го стопи срцето!

Со оглед дека општеството од жените очекува вечно да изгледаат младолико, без оглед на тоа колку години имаат, тогаш не е за чудење што голем број жени се срамат од нормалните појави кои ги носи староста. Брандалин Мае Портер работи во дом за стари во Тексас. Кога во една прилика една бабичка ја замолила да и ги лакира ноктите, ниту Брандалин (а ниту бабичката) не ни сонувале дека приказната за тоа ќе го обиколи светот.
-Денес на новата штитеничка и ги лакирав ноктите и додека се договаравме каков маникир ќе одбереме, ми нагласи дека сака провиден лак. „Провиден лак? Тоа е толку досадно!“ – помислив и ја прашав која е причината поради која инсистира на тоа. „Рацете ми се грди, не сакам да привлекувам внимание на нив“, гласеше нејзиниот одговор. Малку размислив и тогаш и кажав „Вашите раце ја раскажуваат вашата животна приказна. Зборуваат за вашиот живот. Љубовите и авантурите. Допирале работи и луѓе за кои другите може само да сонуваат – и кажав, а потоа на ноктите и нанесов пинк лак“, напишала Брандалин на својот профил на Фејсбук ,а нејзината приказна го трогна светот.

Ново на Сител
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
-

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
-

Бела прашкаста материја и марихуана пронајдени во испратен пакет за осуденик од КПУ „Идризово“
