Живот
20. December 2016 - 19:17

Се срамела од своите раце, но тоа што и го кажала козметичарката и вам ќе ви го стопи срцето!

Со оглед дека општеството од жените  очекува вечно да изгледаат младолико, без оглед на тоа колку години имаат, тогаш не е за чудење што голем број жени се срамат од нормалните појави кои ги носи староста. Брандалин Мае Портер работи во дом за стари во Тексас. Кога во една прилика една бабичка ја замолила да и ги лакира ноктите, ниту Брандалин (а ниту бабичката) не ни сонувале дека приказната за тоа ќе го обиколи светот.

-Денес на новата штитеничка и ги лакирав ноктите и додека се договаравме каков маникир ќе одбереме, ми нагласи дека сака провиден лак. „Провиден лак? Тоа е толку досадно!“ – помислив и ја прашав која е причината поради која инсистира на тоа. „Рацете ми се грди, не сакам да привлекувам внимание на нив“, гласеше нејзиниот одговор. Малку размислив и тогаш и кажав „Вашите раце ја раскажуваат вашата животна приказна. Зборуваат за вашиот живот. Љубовите и авантурите. Допирале работи и луѓе за кои другите може само да сонуваат – и кажав, а потоа на ноктите и нанесов пинк лак“, напишала Брандалин на својот профил на Фејсбук ,а нејзината приказна го трогна светот.